УКРАИНА ИСТРАЖУВА РЕЧИСИ 5.000 СЛУЧАИ НА РУСКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА, САД И ЕВРОПА СО НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА

    УКРАИНА ИСТРАЖУВА РЕЧИСИ 5.000 СЛУЧАИ НА РУСКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА, САД И ЕВРОПА СО НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈАУкраински војници собираат тела на цивили од улиците на Буча (Фото: АП)

    Украинските обвинители велат дека истражуваат речиси 5.000 случаи на руски воени злосторства, што се откриваат по повлекувањето на руските сили од делови на земјата. Сцените од Буча и други градови предизвикаа жестока меѓународна осуда, додека САД и Европа најавија и нови санкции за Русија.

    Од канцеларијата на јавниот обвинител кажаа дека се истражуваат вкупно 4.684 можни случаи на воено злосторство, додавајќи дека бројката секој ден се зголемува за стотици нови. Како резултат на руската инвазија, досега загинале и 167 деца.

    „Ослободените градови околу Киев изгледаат како измачуван регион од пеколот. Мора да ги казниме овие нелуѓе. Русија ќе одговара за Буча во Хаг. Истражителите и обвинителите го истражуваат киевскиот регион и ги документираат злосторствата“, изјави главната јавна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова.

    Освен Киев, истрагата е проширена и на Харкив, Суми, Миколаив, Доњецк и Луганск.

    Како одговор на убиствата на цивили во Буча, Европската Унија најави дека, меѓу другото, ќе забрани увоз на јаглен од Русија, чија вредност се проценува на четири милијарди евра годишно, додека САД планираат забрана на сите нови инвестиции во Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира