УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ НАЈМАЛКУ 30 ТЕНКОВИ „АБРАМС“ ОД САД, ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ 14 „ЛЕОПАРДИ“

    УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ НАЈМАЛКУ 30 ТЕНКОВИ „АБРАМС“ ОД САД, ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ 14 „ЛЕОПАРДИ“пПомош во модерни тенкови најавија и Полска и Норвешка (Фото: ЕПА)

    САД планираат да испратат најмалку 30 тенкови „М1 абрамс“, а Германија ќе ја помогне украинската борба против руската инвазија со 14 „леопарди“, откако и двете земји најавија голем пресврт по неколкумесечната воздржаност по ова прашање.

    Се очекува администрацијата на Џо Бајден денеска да ги објави плановите за испраќање на тенковите и целта на овој потег е да се охрабрат сојузниците да продолжат да ја помагаат Украина. Германскиот канцелар Олаф Шолц, пак, денеска ќе се обрати во парламентот.

    Рускиот амбасадор во САД Анатоли Антонов изјави дека „ова е уште една бесрамна провокација“, додека Кремљ кажа дека германската одлука за тенковите нема да донесе ништо добро и ќе остави траен белег врз односите со Русија.

    Сè досега, Германија и САД даваа отпор на внатрешните и надворешните притисоци да испратат свои тенкови во Украина. Вашингтон кажуваше дека за високотехнолошките тенкови „абрамс“ се потребни обемни обука и одржување, додека Германија сметаше дека испраќањето на тенковите ќе значи ескалација на војната.

    Велика Британија прва објави дека ќе испрати 14 тенкови „челенџер“ во Украина, а помош во модерни тенкови најавија и Полска и Норвешка. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус кажа дека Берлин им дал зелено светло на другите земји да ги обучуваат Украинците да ги користат тенковите „леопард“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира