УКРАИНА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА АКО НЕ ДОБИЕ ПОМОШ ОД САД, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА АКО НЕ ДОБИЕ ПОМОШ ОД САД, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИРуските сили продолжија да напредуваат на источниот фронт и по освојувањето на Авдивка, го стегаат обрачот околу градот Часив Јар (Фото: ТАСС)

    Володимир Зеленски призна дека Украина ќе ја изгуби војната со Русија ако не добие помош од САД. Предложениот пакет од над 60 милијарди долари со месеци е заглавен во американскиот Конгрес поради блокадата од републиканците.

    Неопходно е јасно да му се каже на Конгресот дека ако не ѝ помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби војната. Ќе ѝ биде тешко на Украина да преживее без таа помош. А, ако Украина изгуби, и други држави ќе бидат нападнати“, кажа Зеленски.

    Украинската војска веќе подолго време се соочува со недостиг на муниција и војници и стравува дека Русија ќе покрене нова голема офанзива во следните месеци.

    Во исто време, руските сили продолжија да напредуваат на источниот фронт и по освојувањето на Авдивка, го стегаат обрачот околу градот Часив Јар. Киев признава дека ситуацијата кај овој град е многу тешка, но дека украинските сили се држат. Часив Јар е оддалечен само 30-ина километри од Краматорск, кој е важен транспортен и логистички центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира