УКРАИНА НАПАДНА ПОМОРСКА БАЗА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ, ВЛАСТИТЕ ПРВПАТ ГИ ПОВИКАА ЖИТЕЛИТЕ ДА ОСТАНАТ ВО ЗАТВОРЕНО

    УКРАИНА НАПАДНА ПОМОРСКА БАЗА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ, ВЛАСТИТЕ ПРВПАТ ГИ ПОВИКАА ЖИТЕЛИТЕ ДА ОСТАНАТ ВО ЗАТВОРЕНОПожар во регионот Ленинград по украинскиот напад со дронови (Фото: Телеграм)

    Руските власти велат дека Украина извршила „невиден напад“ врз и околу Санкт Петербург, каде што денеска завршува годишниот економски форум. Повеќе од 140 дронови биле соборени над регионот Ленинград, изјави гувернерот Александар Дрозденко, додека градоначалникот на Санкт Петербург, Александар Беглов, ги повика жителите да останат во затворен простор за првпат од почетокот на војната.

    Володимир Зеленски рече дека украинските сили ја погодиле тамошната поморска база во праведен одговор на руските напади.

    Време е да се заврши оваа војна, но Путин сака да продолжи да се бори“, кажа Зеленски, откако рускиот претседател го одби неговиот предлог за директни разговори.

    Тој рече дека украинските дронови поминале илјада километри до Санкт Петербург, таргетирајќи ги арсеналите на непријателската морнарица и базата во Кронштат“, каде што е сместена главната база на Балтичката флота на руската морнарица.

    Дрозденко рече дека нападите предизвикале пожар во воен објект и дека жителите се евакуирани.

    Украина го нападна Санкт Петербург и непосредно пред почетокот на „рускиот Давос“, на кој учествуваа делегации од 130 држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира