УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА УНИШТИЛА ГОЛЕМ РУСКИ ДЕСАНТЕН БРОД ПОКРАЈ КРИМ

    УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА УНИШТИЛА ГОЛЕМ РУСКИ ДЕСАНТЕН БРОД ПОКРАЈ КРИМБродот „Цезар Куников“ бил нападнат со поморски дронови (Фото: Википедија)

    Украинските сили го уништиле големиот десантен брод на руската црноморска флота „Цезар Куников“ на окупираниот полуостров Крим, кажа украинската војска. Украинските медиуми објавија неколку видеа кои покажуваат столб од чад како се издигнува од морето покрај јужниот брег на Крим, како и хеликоптери кои летаат над морето.

    Украинските вооружени сили заедно со разузнавачката единица на министерството за одбрана го уништија десантниот брод ‘Цезар Куников‘. Тој беше во украинските тероторијални води близу Алупка кога беше погоден“, кажа Киев.

    Засега нема коментар од Русија, која претходно кажа дека биле соборени шест дронови над Црното Море.

    Украинското воено разузнавање соопшти дека бродот долг над 100 метри бил нападнат со поморски дронови. Украина досега користеше вакви беспилотни пловила наполнети со експлозив за да напаѓа руски воени бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира