УКРАИНА ОБЈАВИ ВИДЕО НА КОЕ РУСКИ ДРОН ГОНИ УЛИЧЕН ПРОДАВАЧ ВО ХЕРСОН

    УКРАИНА ОБЈАВИ ВИДЕО НА КОЕ РУСКИ ДРОН ГОНИ УЛИЧЕН ПРОДАВАЧ ВО ХЕРСОНЧовекот идентификуван како Јуриј го преживеа нападот (Фото: принтскрин)

    Володимир Зеленски сподели видео на социјалните мрежи кое прикажува дрон како лови човек во јужна Украина, велејќи дека тоа е пример за таканаречениот руски сафари напад врз цивили.

    На видеото се гледа дрон како гони уличен продавач во регионот Херсон. Човекот се обидува да се оддалечи од дронот што лебди над него, криејќи се зад бело комбе. На крајот, дронот се забива во комбето и експлодира, при што продавачот бил повреден.

    Светот мора да го види ова. Мора да види секој доказ дека Русија полудела и секој факт дека руските војници уживаат во убивањето и мачењето луѓе“, кажа Зеленски.

    Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха кажа дека видеото прикажува варварско воено злосторство“.

    „Ова е намерна и системска руска стратегија. Садистот кој го управува ова беспилотно летало добро знае дека целта му е цивил“, рече Сибиха.

    Гувернерот на Херсон подоцна објави видео на кое се гледа човекот, идентификуван како Јуриј, 52-годишен уличен продавач на зеленчук, како зборува од болнички кревет за нападот.

    Можеше да види дека имам домати, краставици и модри патлиџани. Дури и се наведна под чадорот кога бегав од другата страна“, изјави Јуриј.

    Тој поминал со потрес на мозокот, траума и со повеќекратни повреди од шрапнели, а комбето е уништено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира