УКРАИНА ОЧЕКУВА НАПРЕДНИ ПРОТИВВОЗДУШНИ СИСТЕМИ ОД САД ПО ВЧЕРАШНИТЕ РУСКИ РАКЕТНИ НАПАДИ, ВО КОИ ЗАГИНАА 19 ЦИВИЛИ

    УКРАИНА ОЧЕКУВА НАПРЕДНИ ПРОТИВВОЗДУШНИ СИСТЕМИ ОД САД ПО ВЧЕРАШНИТЕ РУСКИ РАКЕТНИ НАПАДИ, ВО КОИ ЗАГИНАА 19 ЦИВИЛИВо вчерашните ракетни напади низ Украина загинаа 19 цивили (Фото: АП)

    Русија ќе одговори на зголемената вклученост на западот во војната во Украина, иако директен конфликт со НАТО не е во интерес на Москва, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, додека САД му ветија нова воена помош на Киев.

    Украина кажа дека мора да ја засили својата противвоздушна способност по вчерашните руски ракетни напади, најголеми од почетокот на војната, за кои Владимир Путин призна дека биле одмазда за нападот на кримскиот мост викендов.

    Џо Бајден вети дека Украина ќе ги добие напредните противвоздушни системи НАСАМС и Пентагон претходно кажа дека тие ќе бидат испорачани во следните два месеца. Тој и останатите лидери на Г7 денеска ќе одржат онлајн состанок, на кој ќе се дискутира за идната помош за Украина, кажаа од Белата куќа.

    Ние предупредуваме и се надеваме дека во Вашингтон и другите западни престолнини ја сфаќаат опасноста од неконтролирана ескалација“, изјави Рјабков.

    Во вчерашните ракетни напади низ Украина загинаа 19 цивили, а 105 се ранети. Повеќе од 300 населени места останаа без струја. Украинската војска соопшти дека биле лансирани 83 проектили.

    Противвоздушната одбрана е приоритет број еден во нашата безбедносна соработка. Ќе сториме сè за да ги засилиме нашите вооружени сили. Ќе го направиме бојното поле уште поболно за непријателот“, кажа Володимир Зеленски по вчерашниот разговор со Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира