УКРАИНА ПОБАРА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И ЦРВЕНИОТ КРСТ ДА ЈА ИСТРАЖАТ СМРТТА НА НАД 50 УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ

    УКРАИНА ПОБАРА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И ЦРВЕНИОТ КРСТ ДА ЈА ИСТРАЖАТ СМРТТА НА НАД 50 УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИВидео објавено вчера од руските медиуми покажува уништени кревети и изгорени тела на украински заробеници. (Фото: принтскрин)

    Украина побара на Обединетите Нации и Црвениот крст да им биде дозволено да ја истражат смртта на над 50 украински заробеници во напад на територија окупирана од Русија. Црвениот крст соопшти дека веќе побарал пристап до затворот за да помогне со евакуација и со помош за повредените. Украина и Русија си разменија обвинувања околу тоа кој го нападнал затворот.

    Видео објавено вчера од руските медиуми покажува уништени кревети и изгорени тела на украински заробеници. Што точно се случило во затворот во Оленивка, населено место на територијата под контрола на Донецката народна република (ДНР), останува нејасно. 

    Украина вели дека затворот е уништен од Русија во обид да се скријат доказите за тортура и убиства. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека станува збор за руско воено злосторство.

    Русија, пак, вели дека затворот бил погоден од украински прецизни ракети.

    Меѓу заробениците во затворот во Оленивка имало и членови на баталјонот Азов, кои беа заробени по капитулацијата во опколениот град Мариупол. Русија ги смета членовите на баталјонот Азов за неонацисти.

    Руското министерство за одбрана вели дека нападот бил извршен со американскиот артилериски систем ХИМАРС и ја обвини Украина за намерна провокација. Но, Украина негира дека имало ракетен напад со ХИМАРС и тврди дека станува збор за подметнат пожар.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира