УКРАИНА ПОГОДЕНА ОД ГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД, РУСИЈА ЈА ЕВАКУИРА АМБАСАДАТА ВО КИЕВ

    УКРАИНА ПОГОДЕНА ОД ГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД, РУСИЈА ЈА ЕВАКУИРА АМБАСАДАТА ВО КИЕВУкраинците деновиве протестираа пред руската амбасада во Киев (Фото: ЕПА)

    Сајтови на украински државни институции се цел на голем хакерски напад, изјави министерот за дигитална трансформација Михајло Федоров. Тој кажа дека во краток рок паднале мрежите на парламентот, министерствата за надворешни работи, здравство и за воени ветерани, како и на неколку банки.

    Украинските власти оваа недела кажаа дека биле предупредени дека хакери подготвуваат големи сајбернапади на владини агенции, банки и на одбранбениот сектор.

    И додека Украина ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија и воведе 30-дневна вонредна состојба во целата земја, Русија почна да ја евакуира својата амбасада во Киев, објави агенцијата „Тасс“. Од денеска, руското знаме веќе не се вее над зградата на амбасадата, која е окружена од полиција. Украина исто така го отповика својот амбасадор во Москва и најави дека би можела да ги прекине дипломатските односи со Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира