УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА АВИОН „Ф-16“ ПАДНАЛ ЗА ВРЕМЕ НА БОРБЕНА МИСИЈА

    УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА АВИОН „Ф-16“ ПАДНАЛ ЗА ВРЕМЕ НА БОРБЕНА МИСИЈАУкраина нема објавено колку авиони „Ф-16“ досега добила (Фото: АП)

    Украина потврди дека изгубила еден од борбените авиони „Ф-16“, што неодамна почна да ги добива од своите западни сојузници. Авионот паднал за време на големиот руски воздушен напад во понеделникот, при што загинал пилотот, кој ја поминал обуката за овие авиони во 2023.

    Украинската војска тврди дека причината за падот не е непријателски оган и додаде дека пилотот претходно успеал да собори четири крстосувачки ракети и еден дрон.

    Авионот паднал додека се доближувал кон следна руска мета“, соопшти генералштабот на војската.

    И функционер од американското министерство за одбрана изјави дека причината за падот веројатно е пилотска грешка или механички проблем, што се истражува.

    Володимир Зеленски во вторникот кажа дека Украина почнала да ги користи авионите „Ф-16“ за соборување руски проектили и дронови.

    Украина нема објавено колку авиони „Ф-16“ досега добила, но според некои извори, станува збор за шест. Членките на НАТО ветија дека ќе ѝ дадат околу 65 авиони на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира