УКРАИНА СЕ ЖАЛИ НА НЕДОСТИГ НА ПРЕСРЕТНУВАЧКИ РАКЕТИ, НЕ СОБОРИЛА НИЕДЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ ВО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД

    УКРАИНА СЕ ЖАЛИ НА НЕДОСТИГ НА ПРЕСРЕТНУВАЧКИ РАКЕТИ, НЕ СОБОРИЛА НИЕДЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ ВО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД

    Украинските воздухопловни сили велат дека се соочуваат со сериозен недостиг на пресретнувачки ракети, додавајќи дека не била соборена ниедна од 29-те балистички ракети испукани кон Киев во последниот руски напад. Најмалку 12 луѓе загинаа во Киев и уште шестмина во поширокиот регион.

    Русите го користат фактот дека сега има сериозен дефицит на пресретнувачки ракети во Украина и во светот“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат.

    Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на НАТО во Турција оваа недела за да ѝ обезбедат противвоздушна одбрана на Украина.

    „Украинската војска беше успешна во пресретнувањето на крстосувачки ракети и беспилотни летала, но не и на балистички ракети. Овој руски напад се состоеше од 68 ракети и 351 дрон. Русија ќе продолжи да напаѓа станбени згради сè додека одбранбените ракети ‘патриот‘ остануваат во складиштата на нашите сојузници“, рече Зеленски.

    Три големи станбени блока во Киев се делумно урнати, а некои беа директно погодени од проектили. Спасувачите и натаму пребаруваат по урнатините, па се очекува бројот на жртви да расте. Над 60 луѓе се повредени.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека нападот бил насочен кон фабрики за оружје и енергетска инфраструктура во градот и околниот регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира