УКРАИНА ВЕЌЕ ИЗГУБИЛА 160 ТЕНКОВИ И ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИЦИ ОД НАС, КАЖА ПУТИН ЗА ПРОТИВОФАНЗИВАТА

    УКРАИНА ВЕЌЕ ИЗГУБИЛА 160 ТЕНКОВИ И ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИЦИ ОД НАС, КАЖА ПУТИН ЗА ПРОТИВОФАНЗИВАТАПутин имаше средба со руските воени известувачи (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин тврди дека украинската противофанзива пропаднала и дека засега нема потреба од прогласување нов бран на мобилизација во Русија. Зборувајќи на состанокот со руските воени известувачи, тој кажа дека загубите на Украина се ближат кон катастрофални нивоа.

    Противофанзивата е во својата рана фаза и досега е постигнат мал напредок во регионите Доњецк и Запорожје, при што Киев потврди дека се ослободени седум населени места. Володимир Зеленски кажа дека украинската војска бележи напредок и кај Бахмут.

    Без да изнесе докази, Путин изјави дека Украина веќе изгубила над 160 тенкови, наспроти 54 на Русија, од кои некои можеле да се поправат.

    Украинската војска има изгубено десет пати повеќе војници од Русија. Украина беше неуспешна во сите сектори“, кажа Путин.

    Тој истовремено призна дека руските власти можеле подобро да ги предвидат неодамнешните прекугранични напади од Украина во Русија.

    Можеби треба да создадеме еден вид санитарна зона во Украина, на таква дистанца што вакви упади на руската територија веќе нема да бидат можни“, предложи Путин.

    Тој призна и дека Русија има недостиг на муниција со голема прецизност, комуникациска опрема, авиони и дронови, иако производството на оружје се зголемило во изминатата година. Кажа дека нема потреба од прогласување воена состојба на национално ниво, а секоја натамошна мобилизација ќе зависи од тоа што Русија сака да постигне со војната во Украина.

    Дали би требало да се вратиме во Киев или не? Само јас можам да одговорам на тоа“, рече Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира