УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ СИЛИ НАПРЕДУВААТ НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ СИЛИ НАПРЕДУВААТ НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТКиев не кажа дали ова е почеток на долгоочекуваната противофанзива (Фото: АП)

    Украинските сили напредуваат околу Бахмут, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Маљар, ден откако Киев потврди дека започнал со офанзивни операции на источниот фронт. Маљар го опиша Бахмут како епицентар на судирите, но не кажа дали тоа е почеток на долгоочекуваната противофанзива.

    И покрај цврстиот отпор и обидите на непријателот да ги задржи своите позиции, нашите воени единици напредуваа во неколку насоки“, изјави Маљар, додавајќи дека во четири села кои се наоѓаат на неколку километри од Бахмут напредувањето било и до два километра.

    Во синоќешното видеообраќање, претседателот Зеленски им се заблагодари на украинските војници за „очекуваните вести од Бахмут“.

    Руската платеничка група „Вагнер“ тврдеше дека целосно го зазела градот, за потоа да ѝ го отстапи на регуларната руска војска, но некои аналитичари велат дека украинските сили се обидуваат да го опколат Бахмут и да ги доведат Русите во стапица.

    Русија вчера кажа дека одбила уште еден голем украински напад во Доњецк, при што биле уништени 28 тенкови, од кои осум „леопарди“. Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, ја опиша објавата на министерството за одбрана како „луда фантазија“.

    Иако Киев кажа дека нема официјално да го најави почетокот на противофанзивата и повика да не се шпекулира за операциите на украинската војска, на фронтот се забележува зголемување на воените активности, особено во регионите Доњецк и Запорожје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира