УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПРЕСРЕТНАЛА РАЗГОВОР КОЈ ПОТВРДУВА ДЕКА РУСИТЕ ЈА РАЗНЕЛЕ БРАНАТА ВО ХЕРСОН

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПРЕСРЕТНАЛА РАЗГОВОР КОЈ ПОТВРДУВА ДЕКА РУСИТЕ ЈА РАЗНЕЛЕ БРАНАТА ВО ХЕРСОНУништувањето на браната предизвика големи поплави во Херсон (Фото: АП)

    Украинската безбедносна служба (СБУ) вели дека пресретнала телефонски разговор кој потврдува дека руска саботерска група е одговорна за разнесувањето на браната Каховка на реката Днепар, што предизвика големи поплави во јужниот регион Херсон. СБУ објави аудиоснимка од една и пол минута, на која двајца луѓе разговараат за уништувањето на браната.

    „Не ја погодиле Украинците. Тоа била наша саботерска група. Тие сакале да ги уплашат луѓето со браната, но не излегло како што планирале. Тие направиле повеќе отколку што планирале“, вели еден од двајцата мажи, за кои СБУ кажа дека се руски војници.

    Тој натаму вели дека угинале илјадници животни во сафари парк низводно.

    Другиот маж на снимката изразува изненаденост од податокот дека руски војници ја уништиле браната.

    „Окупаторите сакале да ја уценат Украина со разнесувањето на браната и приредиле вештачка катастрофа на југот на нашата земја“, објави СБУ.

    Во прилог на тврдењата дека Русите ја уништиле браната одат и податоците од норвешкиот сеизмички систем НОРСАР. Тој анализирал сеизмички сигнали од својата регионална станица во Романија, кои укажуваат дека во вторникот во 2:54 часот имало експлозија во Нова Каховка, што се совпаѓа со времето на уништувањето на браната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира