УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСКИТЕ СИЛИ НАПАДНАЛЕ 40 ГРАДОВИ ВО ГОЛЕМАТА ОФАНЗИВА ВО ДОНБАС

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСКИТЕ СИЛИ НАПАДНАЛЕ 40 ГРАДОВИ ВО ГОЛЕМАТА ОФАНЗИВА ВО ДОНБАССеверодоњецк со денови интензивно се бомбардира (Фото: ЕПА)

    Украинската војска кажа дека руските сили нападнале повеќе од 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск, каде што моментално се одвива најжестоката офанзива од почетокот на војната, која влезе во четвртиот месец.

    Русија испрати илјадници војници во Донбас, кои напаѓаат од три страни во обид да ги окружат украинските сили кои сè уште ги држат соседните градови Северодоњецк и Лисичанск. Ако овие градови паднат, Русија ќе ја преземе контролата врз целиот Луганск, што е главната воена цел на Кремљ.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, изјави дека Русите ги уништиле сите мостови на реката Доњец освен еден, поради што Северодоњецк би можел да биде целосно отсечен. Тој вели дека хуманитарна помош засега сè уште може да влезе во градот, кој жестоко се бомбардира деноноќно.

    Ако Русите успеат да го освојат патот за Бахмут, Северодоњецк ќе биде целосно окружен.

    Тие не можат да го освојат градот, па решиле целосно да го уништат и да ги натераат нашите сили да го напуштат“, вели Гајдај.

    Претседателот Володимир Зеленски вели дека руските сили се далеку побројни во некои делови од истокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира