УКРАИНСКА НОВИНАРКА ЗАГИНА ВО ВЧЕРАШНОТО РАКЕТИРАЊЕ НА КИЕВ

    УКРАИНСКА НОВИНАРКА ЗАГИНА ВО ВЧЕРАШНОТО РАКЕТИРАЊЕ НА КИЕВВера Гирич беше новинарка на „Радио свобода“ (Фото: Твитер)

    Украинската новинарка Вера Гирич загина во вчерашниот руски ракетен напад на Киев, кој се случи додека во градот беше генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес.

    „Новинарката и продуцентка на ‘Радио свобода‘ Вера Гирич почина откако руски проектил вчера ја погоди зградата во која што живеела. Нејзиното тело беше извлечено од урнатините утрово“, соопшти радиото.

    Таа станала дел од овој медиум во 2018, откако претходно работела на водечките украински телевизии.

    Украинските власти кажаа дека два проектила ја погодиле централната област Шевченко синоќа, од кои еден оштетил станбена зграда. Русија тврди дека цел на нападот била фабрика за производство на вселенски ракети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира