УКРАИНСКА ВОЕНА ЕДИНИЦА ГИ ПОТВРДИ ИЗЈАВИТЕ НА ПРИГОЖИН ДЕКА РУСКА БРИГАДА ИЗБЕГАЛА ОД ПЕРИФЕРИЈАТА НА БАХМУТ

    УКРАИНСКА ВОЕНА ЕДИНИЦА ГИ ПОТВРДИ ИЗЈАВИТЕ НА ПРИГОЖИН ДЕКА РУСКА БРИГАДА ИЗБЕГАЛА ОД ПЕРИФЕРИЈАТА НА БАХМУТНападот го предводела бригада формирана од Азовскиот баталјон (Фото: АП)

    Украинска воена единица објави дека истерала руска бригада од територија на Бахмут, потврдувајќи ги изјавите на шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, дека руските сили избегале. Москва не ги коментираше наводите дека 72. моторизирана бригада ги напуштила позициите на југозападната периферија на Бахмут.

    Руска бригада вообичаено се состои од неколку илјади војници.

    Пригожин, кој редовно ја обвинува Москва дека не ѝ дава доволно поддршка на неговата приватна армија, вчера кажа дека руска бригада ги напуштила своите позиции.

    „Нашата армија избега. 72. бригада утрово отстапи три квадратни километри, каде што јас изгубив 500 борци“, кажа Пригожин.

    Ова утрово беше потврдено и од украинската Трета јуришна бригада.

    „Официјално е. Извештаите на Пригожин за бегството на руската 72. независна моторизирана бригада од Бахмут и за 500-те оставени руски лешеви се точни“, соопшти таа.

    Оваа единица е формирана од украинскиот националистички Азовски баталјон, чиј основач Андриј Билецки објави видео во кое вели дека руската бригада е поразена.

    „Нападот е извршен на територија широка три километри и во длабочина од 2,6 километри и таа сега е целосно ослободена од руските окупаторски сили“, кажа Билецки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира