Тројца луѓе загинале, а 35 се повредени во украински напад со дронови врз фабрика во рускиот град Ижевск, оддалечен повеќе од 1.000 километри од границата, објавија руските власти. Гувернерот на Удмуртија, Александр Бречалов, кажа дека десетмина имаат сериозни повреди.
Мета на нападот била воената фабрика „Купол“, која произведува проектили „тор“ и радарски системи. Според украинските медиуми, фабриката произведувала и дронови и противвоздушни системи „оса“.
Еден украински функционер изјави дека два дрона со долг дострел управувани од Украинската безбедносна служба ја погодиле фабриката „Купол“ од далечина од околу 1.300 километри. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат експлозија на покривот на зграда. Украина ја нападна оваа фабрика и во ноември минатата година, иако тогаш немало жртви.