УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ АЕРОДРОМИ ВО МОСКВА

    УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ АЕРОДРОМИ ВО МОСКВАВластите кажаа дека најмалку 19 дронови биле уништени пред да стигнат до градот (Фото: ЕПА)

    Русија кажа дека Украина ноќеска лансирала дронови кон Москва, напаѓајќи ја втор ден по ред. Сите четири главни аеродроми во градот биле затворени на неколку часа, но сега повторно работат, објавија воздухопловните власти.

    Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот од различни насоки. Тој додаде дека остатоците од еден дрон паднале на еден од главните автопатишта кои водат кон градот, но немало повредени.

    Нападите врз Москва се случуваат неколку дена пред парадата за Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, што ќе се одржи на 9 мај и на која, меѓу другите, ќе присуствува кинескиот претседател Шји Џинпинг. Во вчерашниот напад биле уништени 26 украински дронови, кажа руското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира