УКРАИНСКИ ОЛИГАРХ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОНАКО

    УКРАИНСКИ ОЛИГАРХ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОНАКОСилната експлозија била предизвикана од импровизирана направа која содржела сачми и шрафови (Фото: АП)

    Тројца луѓе се повредени во експлозија во станбена зграда во Монако, од кои двајца се во критична состојба. Експлозијата се случи синоќа околу 21 часот откако торба била оставена во зградата.

    Премиерот на Монако, Кристоф Мирман, изјави дека веројатно станува збор за напад и дека полицијата отвори истрага во соработка со француските власти. Мирман кажа дека двојка во 50-ти и 60-ти години има повреди опасни по живот, додека 13-годишник се здобил со полесни повреди, без да даде детали за нивниот идентитет.

    Извор близок до истрагата кажа дека една од жртвите е Вадим Јермолаев, украински олигарх против кого Украина воведе санкции во декември 2023 поради неговиот бизнис со алкохол на окупираниот полуостров Крим. Тој се откажал од украинското државјанство во 2018 и станал државјанин на Кипар.

    Силната експлозија била предизвикана од импровизирана направа која содржела сачми и шрафови. Според моите сознанија, ова е првпат во историјата да се случи ваков чин во кнежевството“, рече Мирман.

    Јавниот обвинител Стефан Тибо изјави дека осомничениот оставил торба или пакет во предворјето на зградата, по што заминал, додавајќи дека очевидци дале информации за неговиот идентитет. Се верува дека тој избегал во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира