УКРАИНСКИ ТИНЕЈЏЕР СТАНА ХЕРОЈ НА НАЦИЈАТА ОТКАКО СО МАЛ ДРОН ГИ СНИМАЛ РУСКИТЕ КОНВОИ КАЈ КИЕВ

    УКРАИНСКИ ТИНЕЈЏЕР СТАНА ХЕРОЈ НА НАЦИЈАТА ОТКАКО СО МАЛ ДРОН ГИ СНИМАЛ РУСКИТЕ КОНВОИ КАЈ КИЕВАндриј Покраса не е сигурен колку руски цели биле уништени благодарение на нивните информации (Фото: АП)

    Додека руски тенкови и камиони поминувале близу нивното село, украински тинејџер и неговиот татко скришум лансирале мал дрон во воздух. Петнаесетгодишниот Андриј Покраса стана херој на нацијата откако во првите денови од инвазијата со својот дрон снимил колона руски оклопни возила која се движела кон Киев, по што ѝ ги дал координатите на украинската војска.

    Неколку минути подоцна, украинската артилерија ја нападнала руската колона со уништувачки ефект.

    Цела недела, Андриј и татко му Станислав ги ризикувале своите животи и правеле вакви воздушни извидувања.

    Тоа беа некои од најстрашните моменти во мојот живот. Ги снабдувавме нашите вооружени сили со фотографии и локации, а тие попрецизно ги одредуваа координатите со цел да се подеси артилеријата“, вели Андриј Покраса.

    Тој не е сигурен колку руски цели биле уништени благодарение на нивните информации, но кога повторно го летале дронот, виделе јагленосани остатоци од камиони и тенкови близу град западно од Киев, како и на стратешки важниот автопат што води кон главниот град.

    Имаше повеќе од 20 уништени воени возила, меѓу нив цистерни и тенкови“, вели таткото на Андриј.

    Додека се засилуваа борбите за предградијата на Киев, украинските војници го убедиле семејството Покраса да го напушти своето село, кое набргу потоа било окупирано.

    Среќни сме што уништивме нешто. Среќни сме што придонесовме, а не само да седиме и чекаме“, вели Станислав Покраса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира