УКРАИНСКИОТ ГРАД МЕЛИТОПОЛ Ѝ ПРКОСИ НА РУСКАТА ОКУПАЦИЈА СО ЖЕСТОК ПАРТИЗАНСКИ ОТПОР

    УКРАИНСКИОТ ГРАД МЕЛИТОПОЛ Ѝ ПРКОСИ НА РУСКАТА ОКУПАЦИЈА СО ЖЕСТОК ПАРТИЗАНСКИ ОТПОРМинатиот месец бил разнесен мост близу Мелитопол, преку кој се доставувале залихи за руската војска

    Руските сили се соочуваат со жесток отпор од локалните жители уште од нивното доаѓање во јужниот украински град Мелитопол во февруари. Блокираа возила со руските војници, излегуваа на улиците со украински знамиња, а откако окупаторите почнаа да ги разбиваат протестите, движењето на отпорот еволуираше и се појавија нови групи.

    Американскиот Институт за проучување војна вели дека Мелитопол е област каде што партизанското војување е активно од средина на март. Според украинското воено разузнавање, партизаните елиминирале 70 руски војници за време на ноќните патроли во периодот од 20 март до 12 април. Овие групи продолжуваат со нападите.

    Минатата среда, руски оклопен воз излетал од шини, а неколку дена порано, двајца руски војници биле пронајдени убиени на улица. Минатиот месец бил разнесен мост близу Мелитопол, преку кој биле доставувани залихи за руската војска.

    Овие акции се организирани од партизански групи. Тоа го прават нашите партизани, тајни служби и војници“, изјави градоначалникот Иван Федоров, кој беше киднапиран од руските сили и подоцна разменет.

    Овие групи претставуваат само дел од движењето.

    Околу 90% од жителите се сега партизани и се спротивставуваат на свој начин. Едни пеат патриотски песни ноќе, други лепат плакати со украински знамиња, некои пренесуваат информации за движењето на руската војска“, вели локалната новинарка Свитлана Зализецка, која избегала од градот откако одбила да соработува со Русите.

    Руската војска ги мобилизира сите ресурси за да ги промени проукраинските ставови на населението, па отвора училишта, продавници и бизниси, со цел да ја претстави руската власт како позитивен чекор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира