Украински командант во Мариупол апелираше директно до Илон Маск да интервенира лично да се спасат опколените војници и цивили во челичарницата Азовстал во градот на југот на Украина, кој е под контрола на руските сили.
Мариупол е целосно уништен по тримесечната битка за градот, во кој украинските сили се останати само во Азовстал.
Серхиј Волина, командантот на украинските маринци во градот, кажа дека направил профил на Твитер само за да му се обрати на Маск.
„Луѓето велат дека сте дојден од друга планета да ги научите луѓето да веруваат во невозможното. Нашите планети се една до друга, а јас кај што живеам е речиси невозможно да се преживее. Помогнете ни да излеземе од Азовстал во неутрална земја. Ако не вие, кој?“, му твитна Волина на Маск.
Тој побара секој човек на планетата Земја да му помогне Маск да го види апелот.
Претходно неделава, Киев кажа дека околу илјада украински војници, многумина од нив повредени, остануваат во огромната челичарница, засолените во лавиринт од бункери и тунели и од советскиот период.
Жени, деца и постари беа евакуирани од Азовстал, како дел од хуманитарната мисија координирана од Обединетите нации и Црвениот крст.
Илон Маск, најбогатиот човек на светот, наскоро треба да го купи Твитер за 44 милијарди долари. Социјалната мрежа доживеа голем раст на корисниците поради војната во Украина.