УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГИ ИЗНЕНАДИЈА РУСИТЕ СО ОФАНЗИВАТА НА ИСТОКОТ И НАПРЕДУВАА 50 КИЛОМЕТРИ ЗА ТРИ ДЕНА

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГИ ИЗНЕНАДИЈА РУСИТЕ СО ОФАНЗИВАТА НА ИСТОКОТ И НАПРЕДУВАА 50 КИЛОМЕТРИ ЗА ТРИ ДЕНАКиев призна дека напредокот на југот засега не е така брз како на истокот (Фото: ЕПА)

    Украинските трупи во брз налет стигнале до главната железница за снабдување на руските сили на истокот, откако распадот на дел од рускиот фронт доведе до најдраматичниот пресврт во војната во изминатите недели.

    Володимир Зеленски изјави дека украинската војска за една недела ослободила десетици населени места и територија од илјада квадратни километри на истокот и југот на земјата. Тој објави видео кое, како што кажа, прикажува дека украинските сили го зазеле градот Балаклија во источниот регион Харкив.

    Украинската војска, пак, објави дека напредувала 50 километри на тој фронт, откако извела напад што ги изненадил руските сили. Тоа би било најбрзото напредување на некоја од страните во војната уште од повлекувањето на руските сили од околината на Киев во мај. Украинските сајтови објавија снимки од руски војници како се предаваат.

    Институтот за проучување војна објави дека украинските сили сега се на само 15 километри од Купјанск, каде што се наоѓа клучен железнички јазол што Москва со месеци го користи за снабдување на своите сили на источниот фронт.

    „Благодарение на вештите и координирани акции, вооружените сили на Украина, со поддршка од локалното население, напредуваа речиси 50 километри за три дена“, соопшти генералштабот на украинската војска.

    Изненадувачкиот пробив на Украинците на истокот следува само една недела откако Киев почна противофанзива во јужниот регион Херсон, оддалечен стотици километри. Киев кажа дека Русија како одговор преместила илјадници свои војници кон Херсон, со што изложила и ослабнала други делови од фронтот.

    Советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, призна дека напредокот на југот засега не е така брз како на истокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира