УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГО ПРЕМИНАЛЕ ДНЕПАР ВО ХЕРСОН И УТВРДИЛЕ НОВИ ПОЗИЦИИ

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГО ПРЕМИНАЛЕ ДНЕПАР ВО ХЕРСОН И УТВРДИЛЕ НОВИ ПОЗИЦИИЗасега нема потврда од Киев дека противофанзивата е почната (Фото: АФП)

    Украинските сили успешно воспоставиле позиции на источната страна на реката Днепар во јужниот регион Херсон, покажуваат нови анализи, што би можеле да бидат рани знаци на очекуваната пролетна противофанзива.

    Институтот за проучување војна сподели геолокациски снимки од руски воени блогери, кои покажуваат дека украинската војска воспоставила упориште кај градот Олешки, заедно со стабилни линии на снабдување до своите позиции.

    Аналитичарите сметаат дека една од главните цели на украинската противофанзива ќе биде пробив преку копнениот коридор меѓу Русија и анектираниот полуостров Крим, што подразбира и преминување на Днепар на југот.

    Портпаролката на јужната оперативна команда на украинската војска, Наталија Хумењук, повика на трпение кога станува збор за противофанзивата.

    Се одвива воена операција која бара информативен молк. Кога ќе ни биде дозволено, ќе известиме за неа“, изјави таа.

    Украинските сили го ослободија градот Херсон минатата година, но жителите не можат да се вратат во нормален живот зашто тој постојано се гранатира од другата страна на Днепар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира