УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ЈА ПРЕМИНАЛЕ РЕКАТА ОСКИЛ И СЕ БЛИЖАТ КОН ОКУПИРАНИОТ ЛУГАНСК

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ЈА ПРЕМИНАЛЕ РЕКАТА ОСКИЛ И СЕ БЛИЖАТ КОН ОКУПИРАНИОТ ЛУГАНСКРуската одбрана во харкивскиот регион се распадна во украинската противофанзива (Фото: АФП)

    Претседателот Володимир Зеленски вети дека нема да има попуштање во украинската противофазнива, во која за краток период беа ослободени бројни градови и села, откако украинските сили напредуваа до источниот брег на реката Оскил и сега им се закануваат на руските трупи во Донбас.

    Преминувањето на Оскил е уште еден голем успех на противофанзивата во североисточниот регион Харкив, бидејќи оваа река тече јужно кон Сиверски Доњец, која поминува низ окупираниот регион Луганск.

    Украинските трупи ја преминаа реката Оскил и сега го контролираат источниот брег“, објави украинската војска.

    Украинскиот гувернер на Луганск, Серхиј Гајдај, изјави дека тие се сега на прагот на Луганск.

    Можеби на некои им се чини дека по серија победи сега имаме еден вид затишје. Но, нема да има затишје. Се подготвуваме за следната фаза, со цел Украина да биде слободна“, кажа Зеленски.

    Откако Русите гранатираа градови викендов, британското министерство за одбрана предупреди дека Москва веројатно ќе ги засили нападите врз цивилните цели, додека доживува неуспеси на бојното поле. Така во саботата, четири медицински лица загинале при евакуација на психијатриска болница во Харкив, кажа гувернерот Олег Синегубов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира