УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ОСЛОБОДИЈА ВТОРО СЕЛО КАЈ БАХМУТ ЗА ТРИ ДЕНА, ОБЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ОСЛОБОДИЈА ВТОРО СЕЛО КАЈ БАХМУТ ЗА ТРИ ДЕНА, ОБЈАВИ ЗЕЛЕНСКИУкраински војник закачува украинско знаме во селото Андривка (Фото: АП)

    Володимир Зеленски објави дека украинските сили го ослободиле стратешки важното село Клишчивка близу Бахмут, што би бил нивни втор значаен успех за три дена на источниот фронт.

    Би сакал да ги пофалам војниците кои, чекор по чекор, ѝ го враќаат на Украина тоа што ѝ припаѓа, конкретно во областа на Бахмут“, кажа Зеленски во своето ноќно обраќање.

    Тешки борби за селото, кое се наоѓа на ридови околу девет километри јужно од Бахмут, се водеа со недели и неговото заземање следува само три дена откако украинските сили ја презедоа контролата врз малото соседно село Андривка.

    Заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски објави видео кое прикажува украински војници како закачуваат сино-жолто знаме на уништени објекти, додека во позадина се слуша звукот на борбите.

    Клишчивка е исчистена од Русите“, напиша Сирски на Телеграм.

    Русите го контролираа ова село од јануари, кое, исто како Андривка, е претворено во руини како резултат на континуираните борби. Украинските воени аналитичари сметаат дека ослободувањето на населените места близу Бахмут ќе ѝ овозможи на украинската војска да напредува од јужното крило во областа на Бахмут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира