Москва кажа дека повеќе од 300 војници од Украина лансирале прекуграничен напад на дотогаш мирен дел од фронтот, при што извештаите велат дека се водат борби десетина километри од границата. Руското министерство за одбрана соопшти дека украинскиот напад бил поддржан од 11 тенкови и повеќе од 20 оклопни борбени возила.
Борбите вчера се воделе меѓу две погранични села во рускиот регион Курск, како и на периферијата на градот Суџа, кој се наоѓа десет километри од фронтот. Иако Русија тврди дека го одбила упадот, руски воени блогери и снимки од социјални мрежи навестуваат дека украинскиот напад бил значителен.
Популарниот блогер Рибар кажа дека ситуацијата во регионот Курск останува тензична, при што борби се водат во погранични области.
„Судејќи според последните снимки, украинските единици успеале да напредуваат“, објави Рибар.
Украина денеска го нападна Курск и со дронови и ракети и ваквиот развој на настаните ги принудил руските генерали да преместат дел од трупите од другите делови на фронтот.
„Украина изведе голем напад од копно и воздух во обид да навлезе во Русија кај пограничниот град Суџа“, објави руското министерство за одбрана.
Тоа е последната оперативна точка за извоз на рускиот гас во Европа преку Украина.
Украина засега не излезе со коментар, додека гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека ноќеска имало напади со дронови и ракети.