Полицијата во Унгарија уапси 30-годишен маж, тврдејќи дека собирал делови од човечки тела од напуштени гробишта и од неговото работно место во болница.
„За време на претресот беа пронајдени човечко лице, кожа од лице, коски складирани во куфер, потколеница, мозок, рака, глава, черепи и срце. Сè уште се истражува дали срцето најдено во тегла е од човечко или животинско потекло“, објави унгарското Национално биро за истраги.
За време на испрашувањето, човекот рекол дека го привлекувале делови од човечкото тело, од кои си подготвувал храна и ги консумирал на различни начини.
„Него страсно го интересирале анатомија и патологија и сакал да дисецира животни“, рекоа од Бирото.
Тие се сомневаат дека деловите ги наоѓал преку својата работа во болница и со ископување тела на напуштени гробишта во Словачка и Унгарија.



