УНГАРИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ОТКАКО СО РУСКИТЕ И КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКОТО НИВО НА ИМУНИЗАЦИЈА ВО ЕУ

    УНГАРИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ОТКАКО СО РУСКИТЕ И КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКОТО НИВО НА ИМУНИЗАЦИЈА ВО ЕУУнгарците веќе не треба да носат маска на отворено (Фото: Ројтерс)

    Унгарија ќе ги укине сите преостанати рестриктивни мерки, вклучувајќи полициски час и носење маска на отворено, откако викендов ќе биде достигната бројката од пет милиони вакцинирани, најави премиерот Виктор Орбан.

    Тој изјави дека веќе нема да има потреба да се носи маска во јавност и ќе бидат дозволени собири до 500 луѓе на отворено. Настаните во затворено ќе бидат достапни за оние кои ќе приложат потврда за вакцинираност.

    „Ова значи дека сме го победиле третиот бран на пандемијата. Време е да им кажеме збогум на маските на јавни места“, изјави Орбан.

    Унгарија е единствената земја од Европската Унија која ги одобри руските и кинеските вакцини против ковид-19, кои се даваат во големи количини пред да бидат одобрени од Европската агенција за лекови. Тоа ѝ овозможи на земјата да го постигне највисокото ниво на имунизација во ЕУ, при што 50% од населението веќе има примено барем една доза. Хотелите, рестораните, театрите, кината, теретаните и спортските објекти продолжија да работат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира