УНГАРИЈА ОДОБРИ КИНЕСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОД КОЈА ТРЕБА САМО ЕДНА ДОЗА

    УНГАРИЈА ОДОБРИ КИНЕСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОД КОЈА ТРЕБА САМО ЕДНА ДОЗАВакцината „Конвидекија“ е производ на компанијата „КанСино бајолоџикс“

    Унгарија одобри уште една кинеска вакцина против ковид-19, развиена од компанијата „КанСино бајолоџикс“.

    Унгарскиот национален институт за фармација издаде одобрение за вакцината наречена „Конвидекија“, од која е потребна само една доза. Таа веќе се користи во Кина, Пакистан и Мексико.

    Унгарија беше првата земја од Европска Унија која, спротивно на политиката на Брисел, одобри кинеска и руска вакцина против ковид-19. Во последно време, и други земји од блокот пројавија интерес за овие вакцини.

    Ова следува откако Унгарија во петокот забележа рекордни дневни бројки од почетокот на пандемијата, 10.759 новозаразени и 213 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира