УНГАРИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ЕУ, НО ЈА ИМА НАЈГОЛЕМАТА СТАПКА НА СМРТНОСТ ВО СВЕТОТ

    УНГАРИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ЕУ, НО ЈА ИМА НАЈГОЛЕМАТА СТАПКА НА СМРТНОСТ ВО СВЕТОТОбемната имунизација во Унгарија се должи на тоа што се снабди со кинески и руски вакцини (Фото: АП)

    Унгарија вакцинираше повеќе население од која било земја во Европска Унија, но во исто време продолжува да има една од најголемите стапки на смртност од ковид-19 во светот.

    Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, 21,6% Унгарци имаат примено најмалку една доза од вакцината, нешто повеќе од Малта, додека просекот на ниво на Европска Унија е 12,3%.

    Високата стапка на имунизација во Унгарија се должи на тоа што се снабди со кинески и руски вакцини, кои сѐ уште не се одобрени од Брисел, но, сепак, не успева да го запре ширењето на коронавирусот. Според универзитетот Џонс Хопкинс, Унгарија ја има највисоката двонеделна стапка на смртност по глава на жител во светот. Унгарија вчера ја надмина бројката од 20.000 починати од ковид-19.

    Минатата недела, Унгарија ја одобри употребата на уште две вакцини, вкупно седум досега: „Конвидекија“ на кинеската компанија „КанСино бајолоџикс“ и „Ковишилд“, верзија на „АстраЗенека“ што се произведува во Индија.

    „Не се сомневам дека Унгарија ќе има лето на слободата“, изјави премиерот Виктор Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира