УНГАРИЈА УСВОИ ПАКЕТ ЗАКОНИ „СТОП СОРОС“ ЗА БОРБА ПРОТИВ ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА

    УНГАРИЈА УСВОИ ПАКЕТ ЗАКОНИ „СТОП СОРОС“ ЗА БОРБА ПРОТИВ ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈАСпоред премиерот Орбан, илегалната имиграција ја поткопува европската стабилност и е делумно поттикната од милијардерот Џорџ Сорос (Фото: Ројтерс)

    Унгарската националистичка влада на чело со Виктор Орбан усвои нов пакет закони за борба против илегалната имиграција, за која вели дека ја поткопува европската стабилност и е делумно поттикната од милијардерот Џорџ Сорос.

    Премиерот Орбан со тоа го засили својот конфликт со американскиот милијардер, кој вели дека постојаната кампања на унгарската влада против него има за цел да создаде лажен надворешен непријател.

    Се очекува Орбан да го добие третиот едноподруго мандат на изборите, закажани за 8 април.

    Пакетот закони, наречен „Стоп Сорос“ од владиниот портпарол Золтан Ковач, предвидува задолжителна регистрација на некои невладини организации кои ја поддржуваат илегалната имиграција.

    Исто така, ќе се воведе данок од 25% на сите странски донации што ги примаат невладини организации, а активистите би можеле да добијат ограничен пристап до унгарските граници на Европската Унија, кои се оградени откако мигрантите почнаа масовно да доаѓаат во 2015 година.

    Провладини медиуми најавуваат и дека на 87-годишниот Џорџ Сорос, кој има унгарско потекло, ќе му се забрани целосен влез во државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира