УНГАРИЈА ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА ЈА УВЕЗУВА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    УНГАРИЈА ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА ЈА УВЕЗУВА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Премиерот Орбан вчера прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на коронавирусот

    Унгарија во декември ќе почне да увезува мали количини од руската вакцина против ковид-19, објави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Увозот ќе се зголеми на крајот на јануари, по што самата Унгарија ќе почне да ја произведува вакцината.

    Унгарија вчера прогласи вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот и најави воведување нови рестрикции. Вонредната состојба ќе трае 15 дена, но премиерот Виктор Орбан кажа дека ќе побара од парламентот мерките да продолжат уште 90 дена.

    Согласно новите мерки, од полноќ до пет часот на сила ќе биде општа забрана за движење, рестораните и клубовите ќе бидат затворени, а кината и театрите ќе работат со ограничен капацитет.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира