УНГАРСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО 2022 СО ЦЕЛ ДА ГО ПОБЕДИ ОРБАН

    УНГАРСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО 2022 СО ЦЕЛ ДА ГО ПОБЕДИ ОРБАНОрбан и партијата Фидес се на власт во Унгарија од 2010 (Фото: Ројтерс)

    Шесте најголеми опозициски партии во Унгарија ќе се здружат во алијанса за изборите во 2022 година и потоа ќе формираат владејачка коалиција доколку успеат да го победат премиерот Виктор Орбан. Тие сметаат дека тоа е единствениот начин да се стави крај на владеењето на партијата Фидес, која го прошири своето влијание во сите сфери на животот во Унгарија откако дојде на власт во 2010 година.

    На општинските избори минатата есен, опозицијата излезе со заеднички кандидати во голем број области и успеа да ја порази Фидес во клучни средини, како Будимпешта. Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони, смета дека неговата победа треба да послужи како пример како треба да се предизвика Орбан на национално ниво.

    Последните анкети покажуваат дека само половина од гласачите го поддржуваат Орбан, но една третина од сите испитаници изјавиле дека се неопределени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира