УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР МАЃАР ГО ПРИТИСКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СУЉОК ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, КАЖА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ УСТАВОТ АКО ТРЕБА

    УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР МАЃАР ГО ПРИТИСКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СУЉОК ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, КАЖА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ УСТАВОТ АКО ТРЕБАМаѓар го обвини Суљок дека им служел на интересите на Орбан и неговата влада (Фото: Фејсбук)

    Унгарскиот премиер Петер Маѓар кажа дека ако претседателот Тамаш Суљок не поднесе оставка, владата ќе покрене законска постапка за негово отстранување од функцијата. Суљок беше избран од пратениците на Фидес на Виктор Орбан во почетокот на 2024 година.

    Маѓар го повика Суљок да се повлече, обвинувајќи го дека не го претставувал националното единство по главните прашања и дека им служел на интересите на Орбан и неговата влада. Суљок одби да поднесе оставка.

    „Му кажав на претседателот дека ако остане на својот став и не поднесе оставка, денеска ќе ги информирам пратениците од Тиса за нашите законски предлози и веднаш ќе ги започнеме потребните процедури“, рече Маѓар.

    Тој додаде дека законодавниот процес ќе трае околу еден месец и ќе вклучува „отстранување на сите марионети кои учествуваа во демонтирањето на владеењето на правото и демократијата“.

    Фидес го обвини Маѓар за незаконски ултиматум и рече дека Суљок има законски мандат до 2029 година и не може да биде отстранет од функцијата. Претседателската функција во Унгарија е во голема мера церемонијална, но Суљок може да ги врати законите во парламентот на повторно разгледување или да ги проследи до уставниот суд, што потенцијално ќе ја забави или блокира реформската агенда на Унгарија.

    Маѓар изјави дека ќе го искористи двотретинското парламентарно мнозинство на својата партија за да ги измени уставот и другото законодавство за да го принуди Суљок да се повлече од функцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира