УНГАРЦИТЕ ПОВТОРНО ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ОРБАН И НЕГОВАТА КОНТРОЛА ВРЗ ДРЖАВНИТЕ МЕДИУМИ

    УНГАРЦИТЕ ПОВТОРНО ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ОРБАН И НЕГОВАТА КОНТРОЛА ВРЗ ДРЖАВНИТЕ МЕДИУМИМаршот во Будимпешта беше втор по триумфот на Орбан на изборите на 8 април (Фото: Ројтерс)

    Десетици илјади Унгарци денеска повторно излегоа на протест за да укажат на владина контрола врз медиумите, што му помогна на премиерот Виктор Орбан да ги добие неодамнешните парламентарни избори, на коишто освои двотретинско мнозинство.

    Маршот во Будимпешта беше втор по триумфот на Орбан на изборите на 8 април, при што демонстрантите ги повикаа разединетите опозициски партии да ги здружат силите против десничарската националистичка партија Фидес.

    „Не е Фидес таа која ги доби изборите, опозициските партии ги изгубија. Нивните челници треба да отстапат и на нивно место да дојдат нови луѓе“, изјави 26-годишниот Виктор Микеш.

    Од 2010 година, Орбан ја засили контролата врз медиумите и постави свои сојузници на чело на некогаш независните институции, заземајќи цврст став против приемот на голем број мигранти во Унгарија, што го доведе во конфликт со Европската Унија.

    Во најавата на протестот, организаторите кажаа дека државните медиуми се претворени во пропагандна машинерија на Орбан.

    „Нашата главна цел е да ја растуриме контролата што Фидес ја има врз медиумите, но и опозициските партии треба да се потрудат, затоа што и тие се одговорни за ситуацијата во којашто се наоѓаме. Заедно со нив, ние мора да се бориме за нов, праведен изборен закон и за истрага на корупциски случаи“, велат организаторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира