Доналд Трамп изјави дека САД употребиле тајно оружје наречено дискомбобулатор за да ја онеспособат венецуелската опрема во нападот во кој беше заробен претседателот Николас Мадуро. Во интервју за „Њујорк пост“ Трамп потврди дека американската војска располага со оружје со пулсирачка енергија.
„Се вика дискомбобулатор. Не ми е дозволено за зборам за него, но оружјето придонесе венецуелската опрема да не работи. Тие никогаш не ги лансираа ракетите. Имаа руски и кинески ракети и не ги лансираа. Ние дојдовме, тие притиснаа на копчињата, но ништо не работеше“, рече Трамп.
Тој претходно кажа дека при американскиот упад биле изгаснати речиси сите светла во Каракас, без да навлезе во детали.
Во истото интервју, Трамп навести дека САД ќе продолжат со нападите против наркокартелите и дека тие би можеле да се прошират од Јужна Америка во Мексико.
„Ги знаеме нивните рути. Знаеме се за нив и каде им се домовите. Ќе ги удриме картелите“, кажа Трамп.
САД во петокот нападнаа брод кој наводно превезувал дрога во источниот дел на Тихиот Океан, што беше прва таква акција од заробувањето на Мадуро на 3 јануари.



