УРАГАНОТ ИРМА ГО ЗБРИША ОСТРОВОТ БАРБУДА, А СЛЕДУВА ХОСЕ

    УРАГАНОТ ИРМА ГО ЗБРИША ОСТРОВОТ БАРБУДА, А СЛЕДУВА ХОСЕЦелото насление на Барбуда е евакуирано на Антигва, откако Ирма ги уништи речиси сите објекти (Фото: Си-Ен-Ен/принтскрин)

    Целото население на Барбуда, малиот карипски остров кој беше збришан од ураганот Ирма, беше евакуирано, како што таа се соочува со нова опасност, ураганот Хосе.

    Премиерот на Барбуда и Антигва, Гастон Брауни, изјави дека во 95% од објектите на островот веќе не може да се живее и затоа сите 1.600 жители беа префрлени во другиот дел од државата. За таа цел, беа ангажирани бротчиња, како и еден хеликоптер. Иако се наоѓа само 60 километри од Барбуда, Антигва речиси воопшто не беше погодена од Ирма.

    „Во Барбуда веќе не може да се живее, таа буквално е руина. Нашата цел е да обезбедиме и последниот жител на Барбуда да го напушти островот. Не смееме да си дозволиме Барбуда да ја погоди уште еден ураган во овие услови“, изјави Брауни.

    Доколку Хосе остане ураган од четврта категорија, тоа ќе донесе ветрови со брзина од 240 километри на час, што ќе предизвика нови уништувања на островот.

    Репортерката на Би-Би-Си, Лора Бекер, која успеа да влезе на островот, ја опиша ситуацијата како катастрофична и рече дека не постои објект кој не е оштетен од ураганот Ирма.

    Ирма, во меѓувреме, почна да ја одминува Куба и во наредните неколку часа ќе удри на Флорида. Се очекува најлошо да поминат западниот дел и архипелагот Флорида Киз.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира