УРНАТИОТ АВИОН ВО ЏОРЏИЈА БИЛ НА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ЛЕТ

    УРНАТИОТ АВИОН ВО ЏОРЏИЈА БИЛ НА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ЛЕТПорторико ја има најстарата флота на авиони во САД (Фото: АП)

    Авионот „херкулес Ц-130“, што спасувал и им носел помош на американски државјани по ланските уништувачки урагани, бил на својот последен лет, кога вчера се урна во Џорџија, при што загинаа девет Порториканци.

    Големиот авион летал кон Аризона, каде што требало да биде складиран, со што флотата на националната гарда на Порторико требала да се намали на само пет слични летала. Тој наводно бил стар повеќе од 60 години.

    „Не е вест дека авионите што ги имаме на Порторико се најстарите што се во употреба во земјата. Тие често со големо задоцнување добиваат нови делови“, изјави генералот Изабело Ривера.

    Авионот бил на рутински преглед во Аризона и се урнал набргу по полетувањето. Американската војска спроведува истрага за несреќата, тврдејќи дека староста на авионот била околу 40 години.

    Сите загинати учествувале во акциите на спасување и обнова на регионите зафатени со ланските урагани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира