УШТЕ 196 ПОЧИНАТИ И НАД 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ИТАЛИЈА

    УШТЕ 196 ПОЧИНАТИ И НАД 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ИТАЛИЈАВо Италија сега има 827 починати од КОВИД-19 (Фото: Анса)

    Италија објави дека во последните 24 часа починале 196 луѓе од коронавирусот, а има и повеќе од 2.000 новозаразени. На тој начин, вкупните бројки во земјата пораснаа на 827 мртви и 12.462 заразени.

    Прогласувајќи го ширењето на КОВИД-19 за пандемија, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди дека бројката на починати и заразени во наредните денови и недели уште ќе расте.

    Откако првпат беше идентификуван пред нова година во кинескиот град Вухан, коронавирусот е регистриран во 114 држави, при што се заразени повеќе од 118.000 луѓе, а починале речиси 4.300.

    И додека Италија прогласи карантин на територијата на целата земја, сѐ повеќе држави забрануваат помасовни јавни собири и настани и затвораат училишта и други јавни институции. Кина и Јужна Кореја успеаја да го успорат и исконтролираат ширењето, но затоа бројката заразени постојано расте во Европа и САД.

    Први смртни случаи денеска пријавија и Шведска, Ирска и Белгија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира