Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека уште еднаш успеал да ја измами смртта откако излезе од болницата во Милано, каде што десетина дена се лекуваше од ковид-19.
„Го надминав можеби најтешкиот предизвик во мојот живот. Можам гордо да кажам дека дури и овојпат успеав да се извлечам“, изјави 83-годишниот Берлускони, откривајќи дека се борел со опасен случај на коронавирус.
Берлускони беше хоспитализиран на 4 септември и лекарите потоа кажаа дека му се појавила двојна пневмонија.
„Првите три дена беа навистина тешки. Ковид-19 е сериозна и многу опасна болест“, порача тој.
Своевремено опишан од лекарите како „технички бесмртен“, Берлускони имаше низа здравствени проблеми уште од 1990-ите.