УСМРТЕН МОРЖОТ КОЈ СТАНА АТРАКЦИЈА НА ОСЛО ЗАШТО ЛУЃЕТО МНОГУ МУ СЕ ДОБЛИЖУВАА

    УСМРТЕН МОРЖОТ КОЈ СТАНА АТРАКЦИЈА НА ОСЛО ЗАШТО ЛУЃЕТО МНОГУ МУ СЕ ДОБЛИЖУВААЛуѓето не ги слушаа предупредувањата да не му се доближуваат на 600 килограми тешкото животно (Фото: Гети)

    Норвешките власти го усмртија моржот кој стана атракција на Осло поради грижите за безбедноста на луѓето. Фреја се прослави со качувањето на бродови за да се сонча, поради што некои потонаа.

    Луѓето не ги слушаа предупредувањата да не му се доближуваат на 600 килограми тешкото животно, што беше ризично и за нив и за Фреја. Во една прилика, полицијата мораше да ја блокира локалната област за капење откако Фреја набрка една жена во водата.

    Минатата недела, норвешкото министерство за риболов објави фотографија од поголема група луѓе, меѓу кои и деца, како стојат на мало растојание од моржот.

    Одлуката да се усмрти Фреја беше донесена врз основа на проценките дека постои континуирана опасност по луѓето. Беше јасно дека јавноста не ги почитува препораките да се стои на безбедно растојание од животното“, изјави министерот за риболов Франк Баке-Јенсен.

    Фреја првпат беше забележана во Осло во средина на јули. Моржовите се заштитени животни кои вообичаено живеат посеверно на Арктик. Тие главно не напаѓаат луѓе, иако имало неколку инциденти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира