УСТАВНИОТ СУД НА РОМАНИЈА НАРЕДИ ПОВТОРНО ПРЕБРОЈУВАЊЕ ГЛАСОВИ ОД ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

    УСТАВНИОТ СУД НА РОМАНИЈА НАРЕДИ ПОВТОРНО ПРЕБРОЈУВАЊЕ ГЛАСОВИ ОД ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИНезависниот крајнодесничарски политичар Калин Георгеску изненадувачки победи во првиот круг во неделата (Фото: АП)

    Уставниот суд на Романија нареди повторно пребројување гласови од првиот круг на претседателските избори, одржани во неделата, што набљудувачите го опишаа како нарушување на кредибилитетот на државните институции.

    Уставниот суд едногласно нареди повторна проверка и пребројување на гласачките ливчиња од претседателските избори на 24 ноември“, соопшти судот.

    Откако предизборните анкети му даваа поддршка помала од 10%, независниот крајнодесничарски политичар Калин Георгеску изненадувачки победи во првиот круг во неделата, што покрена прашања како е тоа можно во држава која е членка на ЕУ и НАТО. Георгеску претходно величеше романски фашистички политичари од 1930-тите како национални херои и маченици и беше критичен кон НАТО и романскиот пристап кон војната во Украина.

    Во вториот круг на 8 декември, Георгеску треба да се соочи со Елена Ласкони, која ја осуди одлуката на Уставниот суд.

    Одлуката за повторно пребројување доаѓа по жалбата на конзервативниот претседателски кандидат Кристијан Терхес, кој во првиот круг доби 1% гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира