„ВАГНЕР“ ЈА ПРАВИ АФРИКА ПОСЛОБОДНА, ВЕЛИ ПРИГОЖИН ВО НОВО ВИДЕО

    „ВАГНЕР“ ЈА ПРАВИ АФРИКА ПОСЛОБОДНА, ВЕЛИ ПРИГОЖИН ВО НОВО ВИДЕОВидеото, објавено на каналите Телеграм поврзани со платеничката група „Вагнер“, го прикажува Пригожин во борбена опрема, велејќи дека групата ја прави Африка „послободна“. (Фото: Телеграм)

    Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се појави во своето прво видео обраќање по неговиот неуспешен бунт во Русија, кое сугерира дека тој е во Африка. Видеото, објавено на каналите Телеграм поврзани со платеничката група „Вагнер“, го прикажува Пригожин во борбена опрема, велејќи дека групата ја прави Африка „послободна“.

    Се верува дека „Вагнер“ има илјадници борци на континентот, каде што има профитабилни деловни интереси. Војниците на Пригожин се вгнездени во земји како Мали и Централноафриканската Република (ЦАР) – каде што групите за човекови права и ОН ги обвинуваат за воени злосторства. Велика Британија минатиот месец воведе санкции за двајцата раководители на операциите на „Вагнер“ во ЦАР, обвинувајќи ги за тортура и убивање цивили. Борците на „Вагнер“, исто така, беа обвинети од САД дека се збогатиле со незаконски зделки за злато на континентот.

    Во видеото, Пригожин вели дека Вагнер истражува минерали, како и дека се бори против исламистичките милитанти и други криминалци. Тој вели дека „Вагнер“ регрутира и оти групата „ќе продолжи да ги исполнува задачите што беа поставени – дадовме ветувања дека ќе успееме“.

    Во Санкт Петербург за време на минатомесечниот самит Африка-Русија Пригожин беше фотографиран како се ракува со амбасадорот Фреди Мапука, претседателски советник во ЦАР.

    Пригожин одржува низок јавен профил откако го предводеше својот краткотраен бунт во јуни, кој траеше само 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира