ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ОД 94 ОТСТО ВО ИЗРАЕЛ, ИСТО КАКО ВО КЛИНИЧКИТЕ СТУДИИ

    ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ОД 94 ОТСТО ВО ИЗРАЕЛ, ИСТО КАКО ВО КЛИНИЧКИТЕ СТУДИИИзраел спроведува масовно и брзо вакцинирање и нивните податоци нудат увид во ефективноста на вакцините и ќе може да се види во кој момент земјите можат да се стекнат со колективен имунитет. (Фото: Блумберг)

    Најголемиот здравствен оператор во Израел објави дека за 94% се намалиле симптоматските инфекции со ковид-19 помеѓу 600.000 луѓе кои примиле две дози од вакцината „Фајзер“, во најголемата таква студија досега. „Клалит“, кој овозможува здравствени услуги на повеќе од половина од популацијата во Израел, вели дека истата група има 92% помалку шанси да развие тешка клиничка слика од вирусот.

    Споредбата е со исто голема група на луѓе, со слични медицински истории, кои не ја примиле вакцината.

    „Ова несомнено покажува дека вакцината против коронавирус на ‘Фајзер’ е екстремно ефективна во вистинскиот свет една недела по втората доза, исто како што беше утврдено во клиниките студии“, кажа Ран Балисер од „Клалит“.

    Тој додаде дека податоците укажуваат дека вакцината на „Фајзер“, направена во соработка со „Бионтек“, е уште поефективна две недели по втората доза. Истражувачите од институтот „Вајцман“, кои ги oбработуваа податоците, велат дека драстичното намалување во хопитализациите и тешко болните е забележано кај постарите од 55 години, група која беше опфатена со првата фаза од вакцинацијата.

    Но, хоспитализациите и тешко болните се во пораст кај помладите групи, кои почнаа со вакцинација неколку недели подоцна.
    Израел спроведува масовно и брзо вакцинирање и нивните податоци нудат увид во ефективноста на вакцините и ќе може да се види во кој момент земјите можат да се стекнат со колективен имунитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира