ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД ДАВА 70-ПРОЦЕНТНА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

    ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД ДАВА 70-ПРОЦЕНТНА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19Вакцината на Оксфорд е далеку поевтина и полесно се складира и пренесува до кое било место на светот од оние на „Модерна“ и „Фајзер“ (Фото: Оксфорд)

    Вакцината што заеднички ја развиваат Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ обезбедува заштита од ковид-19 од 70%, покажаа резултатите од големо истражување. Ова претставува и триумф и разочарување, имајќи предвид дека вакцините на „Фајзер/БиоНТек“ и на „Модерна“ покажале 95-процентна ефективност.

    Сепак, вакцината на Оксфорд е далеку поевтина и полесно се складира и пренесува до кое било место на светот од останатите две, па ако биде одобрена од регулаторите, сепак би можела да има важна улога во запирањето на пандемијата. Податоците покажуваат дека со усовршување на дозата нејзината ефективност може да се зголеми до 90%.

    Повеќе од 20.000 доброволци учествуваа во истражувањето во Велика Британија и Бразил, при што имало 30 случаи на коронавирус кај оние кои примиле две дози од вакцината и 101 кај оние кои примиле плацебо.

    „Задоволни сме со резултатите. Кај волонтерите кои примија две ‘високи‘ дози од вакцината заштитата беше 62%, но тоа растеше до 90% кога по ‘ниска‘ доза следуваше ‘висока‘. Нејасно е зошто има ваква разлика, но тоа значи дека ќе мора да се дистрибуираат многу повеќе дози“, изјави Ендрју Полард, водачот на истражувањето.

    Во создавањето на вакцината бил користен генетски модифициран вирус на настинка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира