ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕ СПРЕМНА ДО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ

    ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕ СПРЕМНА ДО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИВакцината на „АстраЗенека“ и Оксфорд важи за најнапредната меѓу десетици кандидати што се развиваат низ светот (Фото: Ројтерс)

    Фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“ најави дека неговата можна вакцина против ковид-19, што ја развива заедно со Универзитетот Оксфорд, би можела да стане достапна за употреба на крајот на следниот месец.

    „Регулаторните власти постојано ги анализираат нашите податоци. Ако бидат брзи, би можеле да почнеме со вакцинирањето во јануари, можеби на крајот на декември“, изјави извршниот директор на компанијата Паскал Сорио за шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“.

    Вакцината на „АстраЗенека“ и Оксфорд важи за најнапредната меѓу десетици кандидати што се развиваат низ светот.

    „Можеби никогаш нема да заработиме пари од вакцината, зашто никој не знае колку често луѓето ќе треба да се вакцинираат. Ако вакцината е ефективна и ги штити луѓето многу години и болеста исчезне, нема да има пазар за неа. Сепак, многумина експерти веруваат дека ќе има потреба од повторно вакцинирање. Ако тоа треба да се прави еднаш годишно, од вакцината ќе почнеме да заработуваме од 2022 година. Но, мора да бидеме сигурни дека вакцината дефинитивно функционира“, додаде Сорио.

    Вакцината влезе во третата фаза од тестирање во септември. Европска Унија, САД, Велика Британија, Јапонија и Бразил веќе потпишаа првични договори со „АстраЗенека“ за снабдување со вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира