ВДОВИЦАТА НА КОБИ БРАЈАНТ ДОБИ ОТШТЕТА ОД 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ СПОДЕЛУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ СНИМЕНИ ПО НЕСРЕЌАТА ОД ПОЛИЦИЈАТА И ПОЖАРНИКАРИТЕ

    ВДОВИЦАТА НА КОБИ БРАЈАНТ ДОБИ ОТШТЕТА ОД 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ СПОДЕЛУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ СНИМЕНИ ПО НЕСРЕЌАТА ОД ПОЛИЦИЈАТА И ПОЖАРНИКАРИТЕ„Лос Анџелес тајмс“ објави дека вработените во округот фотографирале на местото на несреќата и ги споделиле со другите, што ги разбесни семејствата на жртвите. (Фото: АП)

    На вдовицата на Коби Брајант ѝ беше доделена отштета од 16 милиони долари поради објавените фотографии од хеликоптерската несреќа во која загинаа американската кошаркарска ѕвезда и неговата ќерка во 2020. Ванеса Брајант (40) изјави дека имала напади на паника откако дознала дека биле споделени фотоси снимени од замениците на шерифот на округот Лос Анџелес и пожарникарите на местото на несреќата.

    Федералната порота кажа дека округот мора да ѝ плати на Брајант за емоционална вознемиреност.

    На котужителот Кристофер Честер ќе му бидат исплатени 15 милиони долари. Сопругот на Брајант, Коби Брајант (41), ќерката Џана (13) и шест семејни пријатели загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Калифорнија во јануари 2020. Честер ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон во несреќата.

    „Лос Анџелес тајмс“ објави дека вработените во округот фотографирале на местото на несреќата и ги споделиле со другите, што ги разбесни семејствата на жртвите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира