ВЕ МОЛАМ, ДАЈТЕ МИ ГО ТЕЛОТО НА СИН МИ – МАЈКАТА НА НАВАЛНИ ЛИЧНО МУ СЕ ОБРАТИ НА ПУТИН

    ВЕ МОЛАМ, ДАЈТЕ МИ ГО ТЕЛОТО НА СИН МИ – МАЈКАТА НА НАВАЛНИ ЛИЧНО МУ СЕ ОБРАТИ НА ПУТИНЉудмила Навалнаја сними видео пред арктичката казнена колонија „Поларен волк“ во која што почина нејзиниот син

    Мајката на Алексеј Навални директно му се обрати на Владимир Путин, барајќи од него да ѝ го врати телото на нејзиниот син. Најгласниот критичар на Путин ненадејно почина во петокот во еден од најстрогите затвори во Русија и руските власти кажаа дека ќе го чуваат телото уште две недели додека се прават хемиски анализи.

    Људмила Навалнаја сними видео пред арктичката казнена колонија „Поларен волк“ во која што почина нејзиниот син и во него вели дека пет дена се обидува да го види неговото тело, но не ѝ кажуваат ни каде се наоѓа.

    Пет дена не можам да го видам, одбиваат да ми го дадат телото, дури не кажуваат каде е. Ве молам Владимир Путин, сѐ зависи од вас! Дозволете ми да си го видам синот. Барам неговото тело веднаш да биде ослободено за да може да има пристоен погреб“, вели Навалнаја во видеото.

    Вдовицата на Навални, Јулија, вчера кажа дека неговото тело ќе се крие додека не исчезнат трагите на труење со нервниот агенс новичок. Таа директно го обвини Путин за убиството на Навални.

    Иван Жданов, директорот на Фондацијата против корупција основана од Навални, кажа дека Путин унапредил висок затворски функционер само три дена по неговата смрт. Валери Бојаринов, заменик-шеф на службата која раководи со руските затвори, добил чин на полициски генерал.

    Бојаринов беше лично одговорен за злоставувањето на Навални во затворот. Тој лично нареди да му се ограничи можноста да купува храна и други дневни потреби. Унапредувањето од Путин може да се сфати како награда за мачењето“, изјави Жданов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира